Додека речиси целиот свет е во исчекување кога најпознатиот пар на планетава ќе се венча, Анџелина Џоли и Бред Пит, покрај многуте обврски, наоѓаат време да уживаат со своите деца.

Така било и изминатава седмица кога славниот актер бил фотографиран со своите три сина на плажа во Лос Анџелес. Пит ги одвел своите синови Нокс, Медокс и Пакс на „лудо“ возење по песокот на Санта Барбара, каде го минале попладнето возејќи се долж плажата.