Од разводот помеѓу Џенифер Анистон и Бред Пит поминаа веќе пет години, но тие сеуште играат разни игри. Британските медиуми пренесуваат дека тој на своите пријатели им рекол дека Џенифер е очајна, Бидејќи се појавила на насловната страна на неговиот омилен часопис.
Пит се жалел дека таа никогаш не ја сакала архитектурата и дека секогаш ја исмејувала неговата страст кон таа област, а сега се појавила на насловната на списание за архитектура. Пит се појавил на насловната на истото списание во 2009 година. Тој се сомнева дека Џенифер со овој гест сака да го провлече неговото внимание.