Анџелина Џоли неодамна го одведе Медокс на пат во Ирак. Бред Пит бил против тоа да го носи детето во оваа земја која е измачена од војната, но Анџелина сметала дека тоа ќе биде позитивно и едукативно за детето. Тврдела дека не постои никаква опасност и го повела со себе.


По враќањето Бред се налутил и ја нарекол неодговорна. Тоа прераснало во кавга во која не се знаело кој зборува, а кој слуша. Подоцна Анџелина признала дека Бред е во право, но сепак двајцата спиеле во одвоени соби.