Заводливиот актер Мет Дејмон открил дека има нешто за што неговиот колега Бред Пит може само да сонува, а тоа бил до некаде нормалниот живот. Иако и самиот бил голема ѕвезда, Мет тврдел дека може да ги извршува секојдневните обврски без да биде следен од десетици папараци. Бред кога ја слушнал оваа констатација станал љубоморен.

Мет изјавил дека Бред и Анџелина биле под многу поголем притисок од него. Бред во една прилика го запрашал како изгледа неговиот нормален ден, а Мет му рекол дека ги зема децата од училиште и заедно одат во парк. Бред го погледнал и го запрашал како тоа му успева, бидејќи тоа тој не го можел, па бил љубоморен бидејќи и самиот сакал да има таков живот.