Познато е дека Бред Пит има голема љубов кон архитектурата, но сега своите интереси ги проширил и на дизајнот на мебел, па ја претставил првата колекција луксузен мебел која самиот ја осмислил. Се здружил со познатиот дизајнер Френк Полар и заедно направиле едноставни но луксузни парчиња мебел.
Пит рекол дека скицирал идеи за разни згради и мебел уште од раните деведесетти, кога прв пат ги открил Мекинтош и Френк Лојд Рајт. Во неговата прва колекција ќе се најдат неколку столици, табуретки, маса за ручање како и романтична када за двајца.