Згодниот актер Бред Пит минатата седмица шест пати отишол во стоковната куќа “Harrods” во Лондон како би купил облека за своите деца. Секој ден водел по едно од своите шест деца да изберат облека која им се допаѓа. Во “Harrods” рекле дека потрошил дури 150 илјади долари.
Вработените во стоковната куќа многу го фалеле актерот, бидејќи како што рекле бил многу пристоен и достапен, а некои од нив имале и блиски средби со актерот, кој во стоковната куќа ги користел лифтовите за вработените. Анџелина само еднаш била со него по што рекла дека мрази шопинг.