Бред Пит издвоил седум милиони долари за јахта во која со Анџелина Џоли и нивните шест деца ќе одат на крстарења, пренеле британските медиуми. Извор близок на актерот рекол дека отсекогаш сакал класична јахта и оваа за него била совршена. Му се допаѓала идејата со децата да плови меѓу островите долж брегот на Франција. Јахтата наводно ќе може и да се изнајми.
Изворот додал дека Пол Ален, коосновач на Мајкрософт и пријател на Пит, го советувал дел од парите потребни за одржување на јахтата да ги надокнади така што ќе ја изнајмува на ден. Бродот ќе биде на располагање кога тој ќе снима филмови, на сите оние кои ќе можат тоа да си го дозволат.