На премиерата на филмот “Salt” најпознатиот холивудски пар изгледал стандардно заносно. Бред ја избрича неуредната брада која до неодамна му беше заштитен знак и со Анџелина Џоли прошета по црвениот тепих. Таа носела црн фустан, а и Бред Пит бил прекрасен.


Анџелина Џоли не му замерила за тоа што ја отстранил брадата, иако во неколку наврати изјавила дека со неа изгледа прекрасно. Таа има нова тетоважа која ја посветила на Бред, но со фустанот ја сокрила од фоторепортерите.