Бил и Џејн Пит сакаат да му помогнат на синот Бред и Анџелина во одгледувањето на децата, рекол близок пријател на семејството. Додал дека родителите на Бред ќе се вселат на нивниот имот во Франција откако ќе бидат завршени градежните работи на истиот. По завршувањето со реновирањето таму ќе се пресели целото семејство. Анџелина и Бред моментално имаат вработено шест дадилки, по една за секое дете, а планираат во иднина децата да ги гледаат Бил и Џејн.
Изворот додал дека Анџелина и Бред се одлучиле на овој чекор бидејќи не сакаат секаде да ги носат децата со себе. Бред бил традиционален и сакал да пуштат корења, да најдат пријатели и децата да посетуваат исто училите без да го менуваат, а не постојано да се селат од едно место на друго.