Децата на Бред и Анџелина денес тргнуваат во училиште, а таа ја завршила првата седмица од снимањето на своето режисерско деби во Будимпешта. Се прошириле гласините дека на семејството наскоро ќе му се придружи и Бред Пит. Вилата во која се сместени деноноќно била чувана од голем број телохранители. За својот привремен дом издвојуваат по 15 илјади евра месечно.
Нивните телохранители се поранешни членови на специјалните британски воени сили, а жителите на Будимпешта можеле да видат како изгледа кога Анџелина и децата излегуваат во град. Имено, тие излегуваат со цел конвој автомобили во кој има еден мерцедес кој служи да го одвлече вниманието на папараците.