Деновиве во Холивуд кружат приказни дека Ворнер Брос работи на адаптација на Хомеровата Одисеја и дека на Бред Пит, откако одлично го одглуми Ахил во Троја, му е доделена главната улога.
Токму таа улога на Бред Пит во Троја е причината поради која и носителите на проектот одлучиле да му ја доделат главната улога.
Сеуште не е познато кој ќе ја глуми Пенелопа, но се знае дека Џорџ Милер ќе биде режисер на филмот. Филмот би требало да започне со снимање откако Бред Пит ќе заврши со филм на Тарантино кој моментално го работи во Германија.