Анџелина Џоли и Бред Пит присуствувале на доделувањето на “Governors” наградите во Холивуд, а на црвениот тепих им се придружил и најстариот син Медокс. Актерката носела долг црн фустан и малку шминка, додека малиот Медокс и Бред Пит имале исти одела и слични фризури.

Кога завршиле со позирањето, актерот заштитнички ја префрлил раката преку рамото на својот син и се повлекол. “Governors” наградите се доделуваат на церемонија која не се пренесува во живо, но фотографите сепак ги фотографирале Анџелина и Бред како уживаат на сбвојата маса. Датумот за свадба на најпознатиот пар сеуште не е одреден, а на свадбата најмногу инсистираат нивните деца.