Актерот Бред Пит на својата идна сопруга Анџелина Џоли и подарил за роденден долна облека во вредност од 4000 евра. Актерот исто така нарачал и цел ормар полн со облека од брендот „Сен Лоран“.
Анџелина била толку трогната од подарокот, што заплакала. Извори блиски на парот навеле дека тие се однесуваат како две вљубени деца откако Анџелина закрепнала од операцијата за отстранување на градите.