Никој не би очекувал дека актерот ќе ја побара на телефон Џенифер Анистон за да и ја честита веридбата со Џастин Теру, но тој испадна вистински џентлмен.
Бред Пит ја побарал својата поранешна сопруга и во краткиот разговор и честитал за веридбата и и посакал се најдобро.

Пит на телефон ја побара Џенифер за да и каже колку му е драго што чул дека таа се мажи. Со смеење ја праша дали треба да прави планови за некој датум, а по тоа уште еднаш и честиташе и и посака се најдобро во бракот.” изјави извор близок до актерот и додаде дека Џенифер Анистон воопшто не била изненадена од овој потег на нејзиниот поранешен сопруг.