Бред Пит и Џорџ Клуни, кои се долгогодишни пријатели и соработници, во театарот во Лос Анџелес се појавиле како судија и адвокат во претстава за геј правата наречена „Предлог 8“. Претставата во која покрај нив играат уште и Кевин Бејкон, Мартин Шин и Џејми Ли Кертис, привлекла големо внимание, посебно поради тоа што била одиграна еден единствен пат.
Таа раскажува за правата на геј популацијата за склопување на бракови, како и за спорниот закон во Калифорнија кој не дозволува бракови меѓу припадници на ист пол, за што приватно се залагаат и Бред Пит и Џорџ Клуни.