Бред Пит, Џорџ Клуни и Вајола Дејвис се само некои од познатите имиња кои присуствувале на свечениот ручек пред доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес. Клуни пред почетокот на ручекот на новинарите им рекол дека самите награди не мораат да бидат најдобрата работа кај номинациите за Оскар, туку дека тоа најчесто е дружењето со пријателите, алудирајќи покрај останатите и на Бред Пит, со кој играл заедно во неколку филмови.
На менито имало зачинето говедско месо, азиска патка, лосос, салата од зеленчук, а за десерт шербет со сос од манго и јагоди. Клуни е номиниран за Оскар за филмот “The Descendants”, а Пит за “Moneyball”. Актерите нареден пат ќе се сретнат на свеченото доделување на Оскарите на 26 февруари во Кодак театарот во Холивуд.