Анџелина Џоли и Бред Пит, заедно со своите шест деца, Божик го слават во Виндхук, главниот град на Намибија. Најпознатиот холивудски пар пред неколку дена ја искористил можноста и за купување во последен час, а нивното доаѓање во еден од локалните трговски центри предизвикало огромно внимание кај локалното население.
Пред неколку седмици Анџелина изјавила дека таа и Бред за празниците планираат вистинска авантура, а Намибија бил логичен избор бидејќи нивната ќерла Шајло била тука родена пред четири години. Според зборовите на Анџелина, Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс едвај чекале да ги отворат своите подароци, а освен во Виндхук, популарните актери подароци купувале уште и во Њујорк и Париз.