Бред Пит и Анџелина Џоли се во потрага по супер дадилка која мора да исполнува посебни услови кои ги навеле во својот оглас за работа. Новата дадилка мора да има висока стручна спрема, да зборува најмалку два јазици, што го вклучува и мајчиниот јазик на детето кое ќе го чува, да биде спремна за патување меѓу Калифорнија, Њу Орлеанс, Франција, како и сите останати дестинации низ светот кои ќе ги посетува славното семејство.
Идната дадилка ќе биде плаќана со чек, а зависно од должината на работниот однос ќе има плата до 90 илјади фунти. Бидејќи веќе сите шест деца на холивудскиот пар имаат свои дадилки, не е јасно поради кого точно Бред и Анџелина бараат уште некој за чување деца.