Холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли заедно со своите шест деца се наоѓаат во посета на Виетнам, од каде што е нивниот посвоен син Пакс, кој има седум години. Актерите и нивните деца биле видени во традиционален ресторан во градот Хо Ши Мин.
Ова е нивна прва семејна посета на Виетнам по посвојувањето на Пакс, кое било пред четири години. Семејството допатувало во Виетнам по посетата на Јапонија каде Пит го промовирал својот нов филм „Формула за успех“.