Американскиот актер Бред Пит и неговата животна сопатничка и колешка Анџелина Џоли одлучиле сега да живеат во Франција, пренеле медиумите. После одлуката нивните деца да посетуваат француско училиште во Њујорк, тие решиле барем на некое време да се преселат во Франција.
Бред Пит изјавил дека засега Франција ќе им биде место на стално живеење. Според него квалитетот на животот бил добар, а и децата можеле слободно да трчаат наоколу. Додал дека во последно време ги влечеле децата од континент на континент и сега дошло време да се одморат од тоа. Семејството својот мир го пронашло во средновековниот град Вар во Прованса бидејќи таму го купиле замокот Миравил во кој ќе живеат.