Анџелина и Бред после венчавката се сместиле на островот Гозо, близу Малта, каде ќе го минат и медениот месец, но и ќе го снимаат заедничкиот филм. Новопечените сопружници ќе минат два месеци на Медитеранот снимајќи го филмот “By The Sea”. Веднаш се погрижиле никој да не ги вознемирува па им платиле на мештаните на два месеци да го напуштат островот. Според некои информации, веќе само за сместување платиле 200 илјади долари.

Во меѓувреме, Пит на кратко отишол во Њујорк, а судејќи според фотографиите бракот му годи. Актерот моментално снима реклама. Инаку, на островот Гозо веќе започнала изградбата на сетот кој би требало да ја долови француската ривиера, каде е и сместена приказната на најновиот филм на Анџелина и Бред.