Анџелина Џоли веќе неколку дена во Париз го снима својот нов филм. Со неа од Венеција допатувале и Бред Пит и нивните деца. Додека Анџелина снимала, актерот ги одвел децата на шопинг. Иако им било забавно барајќи нова облека, едвај чекале да ја посетат Анџелина на сетот снимање.


Штом се виделе, се бакнале и прегрнале пред сите кои биле присутни на снимањето. Со тоа покажале дека неодамнешните шпекулации за кризата во нивната врска биле само обични нагаѓања. Тие во Париз ќе останат неколку дена, а потоа ќе се вратат во Венеција.