Холивудскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли наводно решиле да посвојат уште едно дете од Африка, како нивната ќерка Захара би остварила блискост со него, пренеле медиумите. Тие на овој чекор се одлучиле бидејќи на нивната ќерка Захара и ветиле дека ќе посвојат дете од Етиопија.

Неименуван извор на парот рекол дека многу биле возбудени поради новото дете. Покрај тоа што и ветиле на Захара, изворот додал дека бројот седум бил среќниот број на Бред, па затоа сакале да имаат седум деца. Тие веќе имаат шест деца и тоа Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вииен.