Славниот пар Анџелина Џоли и Бред Пит наводно посвоиле уште едно дете, јавуаат странските медиуми. Станува збор за двегодишно момче од Сирија. Славниот пар веќе има три посвоени деца, Медокс, Пакс и Захара, и три биолошки декца, Шилох и близнаците Вивиен и Кнокс.

 

Сега наводно го посвоиле и момчето по име Моус од бегалски камп во Турција, а ова детенце, кое актерката го запознала за време на нејзината работа како амбасадорка на Обединетите Нации за бегалци, веднаш го освоило срцето на Анџелина. Извор открил дека Анџелина слушнала за него и тоа ја вознемирило и заплакала. Кога Моус ја видел расплакана, силно ја прегрнал и тоа бил многу сентиментален момент после кој сите се смееле. Таа го бакнала и оттогаш станале неразделни.