Иако веќе имаат шест деца, како што пишуваат странските медиуми, Анџелина Џоли и Бред Пит сакаат да посвојат и дете од Сирија кое актерката го запознала додека била во посета на таа земја. Извор близок до парот вели дека срцето и останало заробено од тројца браќа во сиропатилиштето. Средното дете знаело малку англиски. Анџелина се растажила кога слушнала дека децата виделе како нивниот татко го одведуваат сириски војници и дека нивниот дом бил уништен. Најстарото дете било најтивко, но за време на посетата на актерката не се одвојувал од неа.
Иако актерката сакала да ги посвои сите три деца, нејзиниот сопруг Бред Пит не бил воодушевен од таа идеја. Изворот раскажал дека одеднаш да се мине од шест на девет деца за него едноставно било премногу. Бред бил загрижен како тоа ќе се рефлектира на останатите нивни деца, па се одлучиле на компромис да посвојат само едно од децата.