Да се побегне на романтичен одмор од шест мали деца е речиси невозможна мисија, но снаодливите Бред Пит и Анџелина Џоли успеале и во тоа. Најславниот холивудски пар го минал минатиот викенд без своите деца во луксузното одморалиште Амангира на езерото Павел во Јута.


Бред Пит во одморалиштето опкружено со планини и пустина стигнал од Њу Орлеанс, каде го снима филмот “Cogan’s Trade”, а Анџелина веќе  го чекала. Го изнајмиле најдобриот апартман во кој цената за едно ноќевање преминува 3300 долари.