Според британскиот таблоид „Сан“, Бред Пит и Анџелина Џоли две години ќе живеат во Велика Британија. Нивната дестинација ќе биде Ричмонд, каде Џоли ќе снима три филма. Фантастичната драма ‘Maleficent’ ќе почне да ја снима веќе следниот месец, а после тоа ќе му се придружи на Бред. Парот планирал да биде во Лондон само за време на Олимписките игри, но сега сепак одлучиле да минат барем две години во Англија.
Извор близок на семејството рекол дека им се допаѓала англиската култура и биле среќни што нивните деца ќе се школуваат таму. Иако местото за брачен живот го избрале, самото место на венчавката сеуште е непознато.