Според многумина најубавиот и наславниот холивудски пар, Бред Пит и Анџелина Џоли, глумеа заедно само во филмот „Господин и госпоѓа Смит“, на чие снимање и се запознале, а како што открива Бред, имаат намера повторно да глумат заедно. Филмот го снимале 2005 година, а искрите од филмското платно се пренеле и на нивниот стварен живот, па тогаш ја започнале својата врска.
Шест години подоцна, со шест деца, славниот пар сака повторно да се појави заедно на филмското платно. Бред кој моментално се наоѓа на филмскиот фествал во Кан изјавил дека не се луѓе кои се повторуваат, но би сакале уште еден заеднички филм. Еден од нив секогаш бил со децата додека другиот бил на снимање, а според Бред, сега постоела можност тоа да го прават заедно и да минуваат доста време со своите деца помеѓу снимањата.