Американските актери Бред Пит и Анџелина Џоли наводно одлучиле по шест и пол години да ја официјализираат својата врска, пренеле американските таблоиди. Иако досега повеќе пати се шпекулираше за нивната венчавка, овој пат по се изгледа тоа ќе го сторат навистина.
Нивните шест деца Медокс, Пакс, Шилох, Захара, Нокс и Вивиен конечно ги убедиле да ја продлабочат својата врска, и тоа во Франција, изјавил неименуван извор за американските таблоиди. Анџелина и Бред се запознале и започнале врска на снимањето на филмот „Господин и Госпоѓа Смит“ во 2004 година, додека Бред сеуште бил во брак со Џенифер Анистон.