На своите шест деца, славните актери Анџелина Џоли и Бред Пит, трошат десет милиони долари годишно, а најголемите трошоци ги прават приватните авиони, учителите и дадилките. Американските медиуми дошле до информација дека холивудскиот пар троши многу пари на своите деца, и тоа скоро милион долари на приватни авиони за нивните патувања.


Малку помалку од еден милион им плаќаат на приватните учители и дадилките кои ги пратат нивните деца кога не се во САД, а секое од шесте деца има своја дадилка. Се проценува дека околу 100 илјади долари трошат на облека за децата и 36 илјади долари на храна, а возачите кои ги возат децата на училиште, добиваат по 600 долари дневно. Минатата година за роденденот на Пакс во Париз потрошиле 7000 долари само за изнајмување на брод со кој се повозиле на реката Сена, а во една прилика за престој во хотелот “Waldorf” издвоиле половина милион долари.