Како што пишуваат хрватските портали, Бред Пит и Анџелина Џоли на наговарање од Раде Шербеџија одлучиле да купат куќа во Истра. Кога куќата ќе биде завршена сеуште не се знае. Кога дошла на премиерата на филмот „Во земјата на крв и мед“ во Загреб, Анџелина рекла дека Бред веќе барал недвижности во Хрватска.

Раде Шербеџија додал дека би бил најсреќен кога би се доселиле во неговото соседство. Познатиот холивудски пар размислува да купи куќа во близина на Барбарига, на областа Драгонера.