Бред Пит и Анџелина Џоли кои се вериле во април наводно одлучиле да се венчаат во Англија, во Виндзор, и тоа во општина во која е дозволено склопување бракови меѓу геј парови.
Обајцата се познати како големи борци за правата на хомосексуалците, па така одлучиле да се венчаат во истата општина во која се венчале и Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш, но и принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс. по венчавката парот ќе отпатува на меден месец во Франција, во својот замок Миравал.