Славниот холивудски пар би можел да ја озакони својата врска од шест години во која добиле исто толку деца. Бред објаснил дека доколку се венчаат тоа ќе биде првенствено поради децата. Пред две години изјавил дека тој и Анџелина можеби ќе се венчаат еден ден кога бракот ќе биде легален за сите, а на тој начин сакал да им пружи поддршка на хомосексуалните парови. Во меѓувреме неговото семејство растело, а Анџелина и тој направиле повеќе домови ширум светот, со оглед на тоа дека поради работата често патуваат со своите деца. Сепак, како што велат, сакаат да ги одгледуваат на нормален начин.


Бред изјавил дека тој и Анџелина прават се што можат за децата да растат во нормално окружување, а во последно време тие се повеќе и повеќе ги прашувале кога ќе се венчаат. За своето семејство рекол дека никогаш не верувал дека може да чувствува толкава љубов, но изразил жалење за тоа што децата мораат да живеат зад затворени врати поради тоа што нон стоп биле на мета на новинарите и камерите. Иако имаат многу деца парот се труди да ја одржи врската што поромантична. Доколку навистина се венчаат, тоа за Анџелина ќе биде трет, а за Бред втор брак.