За овој настан, во медиумите се шпекулира веќе некое време но нема никаква информација од страна на парот. Сепак во луксузната вила која парот ја поседува, а се наоѓа во Франција веќе се сместени родителите на Бред Пит.

Исто така во нивниот дом е сместен и еден од најпознатите творци на накит кој го има дизајнирано и направено вереничкиот прстен на Анџелина.
Ако оваа информација е точна церемонијата ќе биде мала со најмногу 20 гости, а еден од нив сигурно ќе биде актерот Џорџ Клуни поради неговото долгогодишно пријателсто со Бред Пит.

Врската на Анџелина Џоли и Бред пит започна по снимањето на филмот “Mr and Mrs Smith” во 2005.