Анџелина Џоли и Бред Пит наскоро планираат да го посвојат девојчето Леа кое има 4 години од Хаити и кое го загубило целто семејство во катастрофалниот земјотрес. Процесот на посвојување наводно од според планот и девојчето наскоро би требало да отпатува во САД и да го посети своето идно семејство.


Парот веќе има три посвоено деца и тоа МЕдокс од Камбоџа, Захара од Етиопија и синот Пакс од Виетнам. Покрај нив имаат и три биолошки деца, ќерката Шилох и близнаците Вивиен и Кнокс. Откако неколку пати го посетила домот за сираци во кој се наоѓале децата кои останале без родители, актерката била во постојан контакт со агенцијата за посвојување.