Бред Пит и Анџелина Џоли изнајмиле цел воз како заедно со децата би отпатувале од Лондон за Глазгов. Тие неодамна престојувале во лондонскиот кварт Ричмонд. Парот предизвикал големо внимание на станицата Еустон во Лондон од каде со приватниот воз отпатувале за Глазгов каде Бред треба да снима сцени за третиот дел од филмот “World War Z”.
Најпознатиот пар на планетата сакал да се одмори од љубопитните очи на јавноста, па изнајмил цел воз како би се сместил со децата и багажот и отпатувал во Шкотска. Бред и Анџелина не сакале на јавноста да и откријат колку ги чинело ова несекојдневно задоволство.