Познатиот холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли подариле 340 илјади долари на една сомалиска хуманитарна организација за помош на раселените жени и деца. Мохамед Дахир од хуманитарната организација изјавил дека донацијата ќе им помогне да ја прошират здравствената помош во кампот за бегалци Бадбадо во Могадиш, каде дневно се згрижуваат околу 300 жени и деца.


Сомалија се соочува со најголемиот недостаток на храна во последниве 60 години поради досега незабележаните суши. Според Обединетите Нации, постои ризик во наредните неколку месеци да умрат 750 илјади луѓе. Проценките на САД се дека поради сушите и гладот на југот на Сомалија досега умреле 29 илјади деца помлади од пет години.