Иако холивудските актери Бред Пит и Анџелина Џоли се труделе да ја сокријат оваа вест, британското списание ОК дошло до ексклузивни податоци. Кога и да се појават заедно, сите забележувале вистинска радост на нивните лица. Иако Бред бил номиниран за улогата во филмот „Moneyball“, нивното возбудување немало никаква врска со номинацијата за Оскар.


Парот бил среќен поради прекрасните вести на приватен план, а тоа е дека Анџелина носела близнаци. Извор за британското списание рекол дека им се чинело неверојатно колку брзо овој пат Анџелина забременила. Ултразвукот открил дека во нејзината утроба чукаат две срца, а тие не можеле да веруваат и биле пресреќни.