Холивудскиот актер Бред Пит го изгубил својот Ајфон додека бил во Лондон, а Анџелина била многу лута бидејќи во мобилниот телефон имало многу приватни и интимни фотографии од целото семејство. Сега биле многу загрижени бидејќи некој можел да го пронајде телефонот и да ги продаде фотографиите.
Мобилниот наводно содржел фотографии од Анџелина и децата кога се фотографирале за „W Magazin“ во 2008 година, но и многу други интимни фотографии кои јавноста сеуште не ги видела. Извор близок до парот изјавил дека тие се загрижени поради тоа што некој би можел добро да заработи поради невниманието на Бред, и дека фотографиите би можеле да се појават на интернет.