Откако се појавија гласини дека Бред Пит и Анџелина Џоли се пред прекин на врската, актерот го одвел својот син Медокс на рагби натпревар. Гордиот татко цело време бил насмеан и на малиот Медокс му ги објаснувал правилата од играта.


Го гледале натпреварот помеѓу екипите на Њу Орлеанс Сеинтс и Аризона Кардиналс. Седеле веднаш до теренот, а во еден момент им пришла и маскотата на Њу Орлеанс, но малиот Медокс не бил премногу импресиониран. Повеќе го интересирала рагби топката која му ја набавил Бред. Таткото и синот отишле дома среќни бидејќи нивната екипа го совладала противникот.