По ураганот Катрина многу семејства во Њу Орлеанс останаа без домови. Бред Пит (45) досега потрошил 2 и пол милиони евра за да ги обнови куќите уништени во природната катастрофа. Дури 150 американски семејства се развеселиле бидејќи куќите се обновени пред Божиќ.


– Бред ми ја изгради куќата од соништата – вели една 69-годишна жена која во невремето во 2005 година го загубила најстариот син, куќата и миленичињата.