Бред Пит го најмил најпознатиот светски готвач Џејми Оливер да прави божиќна вечера за него и за неговото семејство. Инаку, Бред и Џејми се долгогодишни пријатели. Анџелина, како што навел извор близок на парот, ја обожавала кујната на Џејми Оливер.
Вечерата ќе биде припремана во куќата на холивудскиот пар во Англија. Бред од Џејми минатата година побарал да го научи да готви како самиот би припремал јадење за нивните шест деца, бидејќи одењето по ресторани во друштво на децата и дадилките било како „воена операција“. Џејми се обидел да го подучи да готви, но наскоро увидел дека Бред е поприлично бескорисен во кујната.