Актерот Бред Пит и неговото семејство пет месеци поминале на југ во Англија, каде што снимал два филма. Пред заминувањето во Америка Бред одлучил да се поздрави со своите гостопримливи соседи и да приреди голема забава во нивна чест. На најблиските соседи им го припремил нивното традиционално јадење, риба и помфрит, кое многу го засакал додека престојувал во Англија.
“Откако замина во Велика Британија да снима, Бред презеде некои домашни обврски, сам си пеглал и чистел, и на децата им спремал вечера кога Анџелина била отсутна. Се претвори во вистински семеен човек“, рекол пријател на популарниот актер.