Фотографите го снимиле Бред Пит со своите шест деца на улиците на Венеција. Актерот ја носел ќерката Шилох, а синот Пакс го држел за рака. Семејството неодамна се врати од Париз во Венеција. Анџелина во тие два града го снима својот нов филм „Турист“.
Во филмот глуми и Џони Деп, кој го игра ликот на американскиот турист Френ Тејлор. Тој е поранешен агент на Интерпол, која Кара Масон, ликот кој го игра Анџелина, сака да го искористи за да уловат еден криминалец. Деп неодамна за Анџелина изјавил дека е како бомбона. Медиумите пишуваа дека таа била опседната со Џони, и дека по снимањето на сцените инсистирала да остане со него за да разговараат.