Анџелина Џоли прв пат во едно интервју проговорила за својата врска со Бред Пит нагласувајќи дека тој е сјаен татко полн со љубов. Рекла дека тоа е многу секси и убава особина кај мажите кога своите татковски одговорности ги сваќаат многу сериозно. Признала дека секогаш се разнежнува кога го гледа како си игра со децата. Тој бил многу природен и весел кога бил со нив.

Славниот холивудски пар има шест деца, а Анџелија признава дека никогаш не мислела дека ќе стане мајка. Вели дека кога била млада не верувала дека ќе биде мајка, на мајчинските инстикти ја обзеле кога го посвоила Медокс и почнала да живее со Бред. Нагласила дека Бред е секогаш со децата кога таа има работни обврски, но ретко кога пропуштал да ги смести во кревет и да им чита приказни за добра ноќ.