Бред Пит наводно добил вртоглав хонорар од дури седум милиони долари како би се појавил во новата реклама за парфем на модната куќа „Шанел“. Познатиот француски бренд вкупно потрошил околу 10 милиони долари за рекламирање во САД и седум милиони долари како би го ангажирал еден од најпосакуваните холивудски актери Бред Пит како ѕвезда на својата реклама за парфемот “Chanel No.5”.
Инаку Бред е првото машко кое ќе го промовира познатиот парфем, а рекламната кампања би требало да започне кон средината на октомври. Бред така заменил многу славни убавици кои го рекламирале овој производ како Никол Кидман, Одри Тату и Ванеса Паради.