Анџелина Џоли една од улогите во својот режисерски првенец “United Love Story” ја наменила на својот невенчан сопруг Бред Пит. Унгарските репортери го забележале актерот во еден напуштен воен објект за време на снимањето во Унгарија. Се претпоставува дека тој добил мала улога бидејќи наскоро треба да се посвети на својот нов проект.


Имено, неговата продуцентска компанија сака да ги откупи правата на приказната за чилеанските рудари кои беа заробени нешто повеќе од два месеци. За правата на оваа приказна неговата компанија „План Б“ веќе понудиле неколку милиони долари.