Американскиот актер Бред Пит е новиот „станар“ на музејот за восочни фигури во Париз. После Џорџ Клуни, место за своја восочна фигура добил и прочуениот холивудски миленик. Автор на скулптурата на познатиот актер е уметникот Стефан Баре, кој фигурата ја обликувал на основа на фотографија и видео запис, бидејќи Пит не одговрил на молбите на управата на музејот да му позира на скулпторот.
Двојникот од восок на Бред е облечен во сиви пантолони и сина кошула со елек, додека сакото му е префрлено преку рамото. Неговата животна сопатничка и колешка Анџелина Џоли ќе мора да почека до 2012 година за да му се придружи во музејот.