Бред Пит имал многу добра причина накратко да го прекине медениот месец. Попрецизно, имал 13 милиони причини. Имено, тој, Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро заработиле по 13 милиони долари за отприлика два дена работа, снимајќи реклама, која за мега касиното „Studio City“ ја режирал ни помалку ни повеќе, туку легендарниот Мартин Скорсезе.
За сценариото на рекламата се погрижил искусниот Теренс Винтер зад кој стојат проекти како „Царство на пороците“ и „Сопранови“, а буџетот на целиот проект, тврдат некои извори, изнесува речиси 70 милиони долари. Рекламата, или подобро речено мини филмот, премиера ќе доживее на отворањето на касиното.