Бред Пит, кој со животната сопатничка Анџелина Џоли има шест деца, вели дека животот во бројното семејство бара многу организациски вештини. Во разговор со Опра Винфри, кој ќе биде емитуван во нејзината емисија на 19 ноември, славниот актер открива детали од семејното секојдневие.
„Кога имате шест деца, животот ви е многу помалку спонтан отколку што сте се навикнале. Се мора да биде однапред организирано, бидејќи во спротивно ќе бидете изгубени“, вели Бред Пит (44).
Гордиот татко на деца од четири месеци до седум години, вели дека излегувањето со семејството бара повеќе од час и половина за подготовки.
„Ако одиме некаде со автомобил, тоа е вистинска авантура. Додека ги собереме работите и децата, тоа знае да потрае“, открива Пит, велејќи дека цела среќа е што Анџелина е одличен организатор.
„Таа е како права заповедничка. Сјајно се снаоѓа во сето тоа, бидејќи јас секогаш нешто заборавам“, додава Бред.